Располагаме со најнова опрема за перење и чистење на партикуларниот филтер од патничката и товарната програма:
Опремата работи според принципот на пулсни бранови во комбинација со вода и хемија под притисок. 100% еколошко прифатливо чистење. Чистењето на нашата опрема е поефикасно од сите други хемиски процедури по коишто нечистотијата се враќа многу брзо. Вашиот филтер не се сече за да се испере, што ја елиминира можноста од грешка при заварувањето, односно не може да се појави проблем при повторно вградување на филтерот на возилото, како и проблем со истекувањето на гасови кај заварените споеви.
|
|
Нестручно гаснење на Дизел Партикуларниот Филтер (DPF) може да ги предизвика следниве последици:
ЧЕКОРИ ВО ПРОЦЕСОТ на чистење на вашиот Дизел Партикуларен Филтер (DPF):
|
|
Поголемиот број на сопственици на дизел мотори во одреден момент ќе слушнат за ознаките DPF или FAP.
Тоа се ознаките за Дизел Партикуларниот Филтер односно за дел од издувниот систем којшто ги собира честичките од саѓи од моторот.
Кога ќе се запуши, многу често не е можно ефтино да се замени со друг. |
Кога ќе ви речат дека вашиот Дизел Партикуларен Филтер (DPF) е нечист или блокиран, тогаш најмногу ве интересираат следниве прашања: Што го предизвикало блокирањето на Дизел Партикуларниот Филтер (DPF)? Како е блокиран Дизел Партикуларниот Филтер (DPF)?
Двете прашања се едноставни и многу важни. Во повеќето случаи, најпрво е потребно да се замени со нов или да се исчисти стариот Дизел Партикуларен Филтер (DPF) за да може да се продолжи со истражувањето за причината на нечистотијата на Дизел Партикуларниот Филтер (DPF)
Без соодветна дијагностика за причината на нечистотијата, чистењето и замената со нов филтер ќе биде краткорочно решение.
Како е блокиран Дизел Партикуларниот Филтер (DPF)?
Доколку е делумно блокиран, деблокадата може да се изврши преку дијагностика. Оваа постапка се нарекува регенерација. Ако пак е нечист повеќе од 70%, во тој случај нема да биде можно да се започне со регенерација при што ремонтот или замената со нов е единствено можно решение. Турбо Сервис поседува опрема за професионално чистење на сите типови на Дизел Партикуларни Филтри (DPF) од патничката и товарната програма.
Кои се вашите опции кога имате проблем со Дизел Партикуларниот Филтер (DPF)?
DPF е ознака за Дизел Партикуларен Филтер, односно станува збор за филтер за честички од саѓи што е задолжително во производството на автомобили уште од 2009 година, иако многу производители го имаа на своите возила пред многу години порано. Овој филтер е задолжителен за моторите, односно за да тие можат да ги исполнат стандардите Euro 4,5 и 6, како и за да се намали емисијата на штетни гасови.
Основната функција на Дизел Партикуларниот Филтер (DPF) е да ги собира канцерогените честички од саѓи, односно за да тие не се испуштаат слободно во атмосферата. За да може добро да работи како и на секој филтер, потребно му е чистење за да се спречи задушување на моторот. Во случајот со ваквите филтери, овој процес на самочистење се нарекува регенерација. За време на регенерацијата, моторот испушта дополнително количество гориво, што предизвикува висока температура којашто ги согорува акумулираните саѓи и ги претвора во мала количина пепел којашто се испушта во околината.
Овој филтер е изработен од ќерамичко саќе направено од силициум карбид со комори коишто служат за собирање саѓи. Sидовите на саќето се пропустливи за гасови, така што тие ги задржуваат на себе штетните саѓи, а прочистените гасови се испуштаат во атмосферата.
Во пракса постојат два вида регенерација: активна и пасивна.
Пасивната се одвива на самиот автомобил кога температурата ќе се искачи на доволно ниво за да честичките од саѓе почнат самите да горат.
Кај активната регенерација, компјутерот на моторот „ECU“ ја презема контролата врз процесот на регенерација. Тој делува кога количината на саѓи во Дизел Партикуларниот Филтер (DPF) ја надминува одредената граница и го иницира вбризгувањето на гориво за да се зголеми температурата во системот за издувни гасови којашто ќе ги согори акумулираните саѓи во филтерот. Овој вид регенерација бара дополнителни услови, како што се: подолго возење со постојан гас, итн. Ако возењето е во режим на стопирање - почетниот процес ќе се запре и ќе се вклучи лампичката на таблата со инструменти која покажува дека ваквиот филтер е нечист.
Доколку долго се игнорира предупредувањето дека Дизел Партикуларниот Филтер (DPF) е нечист или ако постои дополнителен проблем на моторот, во тој случај може да дојде до таложење на голема нечистотија на Дизел Партикуларниот Филтер (DPF) при што ќе биде невозможно да се исчисти со активна или пасивна регенерација. Во овие случаи, неопходно е Дизел Партикуларниот Филтер (DPF) да се замени со нов што во просек чини 1000 евра или пак да го сервисирате во нашиот сервис со помош на уред којшто сигурно и безбедно може да го врати ваквиот филтер во фабричка состојба.
Сите Дизел Партикуларни Филтери се направени да траат сè додека трае и моторот, но само со соодветно одржување, односно со правилно одржување на другите компоненти на моторот, како и со редовна регенерација.
|
![]() |
Pored centrale možete nas kontakirati u nekom od naših predstavništava u Beogradu, Baljaluci i Podgorici.
Pogledajte adrese i kontakt informacije na stranici:
KONTKAT i LOKACIJE
* задолжителни полиња
Copyright Turbo servis Užice.
Developed By Sol Production 2018.