Хибридни турбо - компресори
Под поимот хибриден турбо - компресор се подразбира нестандарден или надграден турбо - компресор. Станува збор за турбо - компресор со комбинација на делови и големини за да се добие турбо - компресор со врвни карактеристики којшто може да ги задоволи потребите на моторот за компримиран воздух во сите режими на работа. Доколку е правилно дизајниран, хибридниот турбо - компресор ќе овозможи дополнителен проток и притисок со сигурна и безбедна брзина на роторот на турбо - компресорот. Секој хибриден турбо - компресор изработен во Турбо Сервис е направен врз основа на програма за правилно одредување на протокот за потребната запремнина и снагата на моторот, а во турбо - компресорот се вградуваат и делови коишто можат да поддржат поголема снага на моторот и притисок на воздухот.
|
|
Треба да се напомене дека не сите хибриди се добри за секој мотор. Многу е тешко да се постигне моторот да има доволно воздух за целиот опсег на вртежниот момент на моторот. Ова значи дека не е доволно во турбината да се вгради само поголем ротор, туку најпрво е потребно правилно да се одреди потребниот проток според којштп се утврдува кој ротор треба да биде вграден. Покрај роторот којшто се менува во хибридните турбо - компресори, неопходно е да се вградат и делови коишто можат да издржат поголеми оптоварувања и притисоци.
Ball Bearing
Долго време турбо - компресорите со класични лизгачки лежиште беа единственото можно решение при дизајнирањето на турбо - компресорите. Меѓутоа, Ball Bearing технологијата претставува новина којашто сега е достапна и овозможува значително подобрување на перформансите на турбо - компресорот. Оваа технологија е создадена како резултат на работата на инженерите најпрво со повеќе големи тркачки тимови во текот на неколку успешни тркачки сезони.
Денес, „Ball Bearing“ турбо - компресорите се користат и како стандард за некои од водечките производители на возила.
Предности на Ball Bearing турбо компресорите
- При возењето со мотор којшто има „Ball Bearing“ турбо -компресор се забележува подобра реакција и одзив на гас во однос на традиционалните турбо - компресори со лизгачки лежишта. Забрзувањето на турбо - компресорот е за повеќе од 15% подобро кај турбините со топчести лежишта.
- „Ball Bearing“ турбо - компресорот ја намалува количината на масло коешто е потребно за нормално подмачкување. Намалената количина на масло за подмачкување ги намалува шансите за протекување на маслото преку турбо - компресорот.
- „Ball Bearing“ е потолерантен на условите за подмачкување и ја намалува можноста за дефект на турбо - компресорот при гаснење на моторот, како и при повисок притисок и голем број на вртежи.
- Топчестите лежишта поставени на двата краја на осовината на турбо - компресорот ја елиминираат потребата за аксијално лежиште коешто вообичаено е слаба точка на стандардните турбо - компресори што значи дека „Ball Bearing“ турбо - компресорите се долготрајни и можат да се користат и кај посложени единици со покомплицирани услови за работа.
„Ball Bearing“ турбо одзивот можете да го видите на приложениот графикон