Kaко функционира VNT?

 

„VNT/VGT“ се турбо - компресори со варијабилна геометрија преку која се управува брзината на роторот. Тие се конструирани така што склопот на варијабилна геометрија го насочува издувниот гас на начин на којшто е потребно во дадениот момент. Ова овозможува турбо - компресорот максимално да ја користи снагата на издувниот гас со помали вртежи на моторот што резултира со поголем притисок.

 

VNT турбо - компресорите работат така што го регулираат влезниот дел на турбината со цел да се оптимизира снагата по пат на одредување на интензитетот на протокот на воздухот.

 

 

Tурбо - компресорот при пониски брзини на моторот и помал проток на гориво ги редуцира влезните гасови што резултира со зголемен притисок и снага на турбината. При полна брзина на моторот и голем проток на гориво, VNT турбо - компресорот ја зголемува зоната на влезни гасови. На овој начин се спречува постигнување на критични брзина на роторот на турбо - компресорот и исто така се одржува оптимално ниво на притисок на воздухот којшто му е потребен на моторот. Модулациите на зоната на влез на гасови можат директно да се контролираат со користење на вакуумски придвижувач (актуатор) или електричен мотор управуван од страна на контролната единица на моторот. За да се модифицира зоната за влез на гасови, „VNT“ моделите користат систем на подвижни лопатки коишто ротираат  во корелација со осовината на турбинското коло.

 

Предности на „VNT“ технологијата се:

 

  • Поголема снага
  • Повисок вртежен момент
  • Пониска потрошувачка на гориво
  • Пониска емисија на издувни гасови
  • Подобрување на снагата на сопирањето

Холсетовиот „VGT“ е уникатен по тоа што лопатките не се вртат, туку се лизгаат аксијално. Oвој метод овозможува високо ниво на траење и безбедност, што е од гоемо значење за комерцијалната дизел апликација.


Новата генерација на  „VGT“ турбо - компресорите за регулирање на варијабилната геометрија користи електрични мотори управувани од страна на компјутерот на моторот.